Замислен како глобален модел, Mondeo наиде на неочекувани проблеми со хомологацијата во Европа.
Заради тоа и почетокот на неговото производство во белгиската фабрика на Ford, првично испланирано за 6 април 2013 година, е одложено за најмалку три месеци. Засега нема прецизни информации точно кога ќе започне продажбата на Mondeo на Стариот Континент. Не е објавено ни со кои точно мотори ќе се нуди, иако голема веројатност е тоа да бидат 1,6 и 2,0 литарските EcoBoost бензински и 1,6, 2,0 и 2,2 литарските TDCi мотори, а не се знае ниту дали Mondeo во Европа ќе биде понуден и во хибридна и plug-in верзија.
Американската верзија на Ford Mondeo, која таму се продава под името Fusion, беше претставена на салонот во Детроит на почетокот на годинава, а европската верзија се очекува на салонот на автомобилите во Париз.

No comments:
Post a Comment