Претставен во 2006 година, на компактниот моноволуменски модел на Citroën веќе му е време за замена.
Се очекува новата генерација на C4 Picasso да има поостри линии и помалку јајчеста силуета, која е заштитен знак на дизајнот на сегашната генерација. Како и досега, ќе биде понуден во две верзии, нормална со 5 и продолжена Grand со 7 седишта, чии задни врати најверојатно би биле лизгачки за полесен пристап кон внатрешноста. И двете верзии ќе бидат поставени на основата на Citroën C4, од кој ќе ја наследи и моторната понуда, веројатно збогатена со хибридната дизел-електрична верзија.
Според првичните информации, новиот C4 Picasso се очекува идната година, што значи дека ќе биде преставен или есенва во Париз, или идната година во Женева.
Според првичните информации, новиот C4 Picasso се очекува идната година, што значи дека ќе биде преставен или есенва во Париз, или идната година во Женева.
No comments:
Post a Comment