На церемонијата по повод започнувањето на производството на новата А класа, лично Дитер Цече го потврди пристигнувањето на мал SUV направен на нејзината основа.
Новата А класа претставува еден од суштинските стожери на стратегијата за развој на компанијата до 2020 година, бидејќи ќе биде основа за официјално два, а можеби и повеќе нови модели кои досега воопшто не биле во програмата на германската марка. Еден од нив е и идниот мал SUV, кој Цече го посочи како трет модел кој ќе се произведува во фабриката во Раштат, каде и официјално започна производството на новата А класа. Заради тоа, Mercedes во оваа фабрика која сега е способна на една иста линија да произведува повеќе различни модели поставени на платформата на А класата, ќе инвестира вкупно 1,2 милијарди евра. Останатите два модела проектирани на основата на А класата, новата B класа и купе-седанот CLA, ќе се произведуваат во Кечкемет, Унгарија.
Никакви детали за новиот модел кој треба да пристигна на пазарот под ознаката GLA, не се објавени.
Никакви детали за новиот модел кој треба да пристигна на пазарот под ознаката GLA, не се објавени.
поврзани вести:
И мал SUV на основа на А класата
И мал SUV на основа на А класата
No comments:
Post a Comment