Среде летните жештини, Opel уште повеќе ги загреа главите на љубителите на мали возила.
Сагата првично нарекувана Junior конечно навлезе во официјални води - првите детали за моделот кој ќе се вика Adam допливаа до нас. Урбаниот автомобил со кој Opel сериозно напаѓа во класата мали премиум возила има модерен и за марката невообичаен изглед, кој зрачи со чувство на симпатичност, посебно нагласено во внатрешноста кај која индивидуалноста е приоритет спроти конвенционалноста. Карактерот на Adam е додефиниран и со неколку дизајнерски трикови, како што е „пливачкиот" покрив и контрастот што тој го создава во однос на остатокот од возилото.
За повесел престој на четворицата патници во 3,7-те метри должина и 1,72-та метри широчина на Adam ќе се погрижат модерните додатоци, како што е врвниот систем за забава со 7-инчен дисплеј компатибилен со Android и Apple телефоните, а привилегираната позиција на возачот му носи бенефиции во вид на загреван управувач, систем за автоматско паркирање и слично.
Opel Adam е поставен на скратената и реконструирана платформа на сегашната Corsa со меѓуоскино растојание од 2.311 метри, која е плод од заедничката историја меѓу GM и Fiat. На почетокот на продажбата кој се очекува рано идната година, Adam ќе биде достапен со три бензински мотори, од 1,2 литри со 70 KS и од 1,4 литри со 87 и 100 KS, со петстепен менувач и опционална старт-стоп технологија, а во не така далечната иднина понудата ќе биде збогатена и со помал бензински турбо мотор со директно вбризгување и шестстепен менувач. Дизел верзиите не се споменуваат.

поврзани вести:
Opel Adam се „потпиша" на улиците низ Франкфурт

No comments:
Post a Comment