Во пресрет на неговата премиера на салонот на автомобилите во Париз, Audi ги објави деталите за обновениот R8.
Поостриот нос со стандардни LED светла, редизајнирана маска и изменет браник, како и поинаквите исто така LED светла назад, рестилизираниот дифузер и изменетите отвори за воздух и издувни цевки, недвосмислено кажуваат што е ново во козметиката кај R8, додека измените во внатрешноста се лимитирани со малите модификации на инструмент таблата и рачките за рачно менување на степените на пренос. Во поглед на мотори, Audi R8 и натаму е на располагање со 4,2 литарскиот V8 со 430 KS и 430 Nm и 5,2 литарскиот V10 со 525 KS и 530 Nm, но отсега германскиот суперспортист со италијански гени ќе доаѓа во уште една верзија наречена V10 Plus, со мотор засилен на 550 KS и 540 Nm. Понудена само како купе, а не и како спајдер, оваа верзија на R8 е замена за досегашните GT модели кои имаа 560 KS и 540 Nm, од кои беа произведени по 333 примероци од двете каросериски варијанти.
Новиот R8 во продажба ќе се најде кон крајот на годинава, по цени кои во Германија започнуваат од 113.500 евра и се искачуваат сé од 173.200, колку што чини R8 V10 Plus. Се очекува Audi во Париз да ја претстави и електричната e-Tron верзија на R8, чија продажба сé уште не е најавена.

поврзани вести:
Се подготвува освежување за R8
Се подготвува освежување за R8
No comments:
Post a Comment