Само што започна со работа, заедничката компанија BMW Peugeot Citroën Electrification ќе престане да биде заедничка.
Според портпаролот на BMW, двата производитела разговараат за прекинување на партнерството во заедничката компанијата за електрични и хибридни компоненти, која официјално започна со работа кон крајот на ноември минатата година. Својот интерес BMW сака да го заштити на тој начин што ќе го откупи делот на PSA, додека Французите за ова прашање воопшто не се изјаснуваат. Се претпоставува дека причината за овој изненадувачки чекор лежи во новоформираната алијанса меѓу PSA Peugeot Citroën и General Motors.
BMW и PSA на почетокот на минатата година се договорија здружено да делуваат на полето на електричните технологии. За таа цел, формираа заедничко претпријатие со седиште во Минхен, кое имаше за цел да развива, произведува и продава компоненти за електричните и хибридните системи на возилата, за што беа планирани инвестиции од 100 милиони евра. Беше планирано производството да биде организирано во Франција, каде од 2014 или 2015 година требаше да се произведуваат околу 10.000 комплети за електрични возила годишно.

No comments:
Post a Comment