Третата генерација од моделот кој стана легенда уште кога се појави во 1989 година, го доживеа третиот фејслифтинг.
Во очекување на неговата замена, која треба да се појави во 2014 година, Mazda го освежи родстерот MX-5. Поагресивниот преден дел со нова маска и поинакви светла за магла всушност крие активен поклопец на моторот, кој во случај на судар автоматски се подигнува за да се намалат последиците по пешаците. Благи измени има и во внатрешноста, а од механиката подобрени се одговорот на педалата за гас кај верзијата со мануелен менувач и карактеристиката на серво кочниците за да се подобри повратното чувство при кочење.
Mazda MX-5 како и досега, ќе се нуди со платнен и метален преклоплив кров.
Mazda MX-5 како и досега, ќе се нуди со платнен и метален преклоплив кров.
No comments:
Post a Comment