Со вградувањето на 1,4 литарскиот TSi мотор со систем за деактивација на цилиндрите, Volkswagen покажа дека и спортските возила може да бидат штедливи.
Polo BlueGT, како прв ваков модел на Volkswagen, има потенцијал да постави нови стандарди. Комбинирајќи ги динамика и економичноста, Polo BlueGT посочува една нова димензија на развој на возилата со бензински мотори, бидејќи иако има 140 KS и 250 Nm, троши само 4,6 l/100 km. Заслужна за тоа е Active cylinder management технологијата, која, кога не е потребна голема сила, ги исклучува вториот и третиот цилиндар, со што потрошувачката на гориво се намалува и до еден литар, а емисијата на CO₂ спушта на 107 g/km. Во случај Polo BlueGT да е опремен со опционалниот 7-степен DSG менувач, овие бројки се намалуваат на 4,5 l/100 km и 105 g/km.
И покрај вака ниските бројки, Polo BlueGT има способност да забрза со 100 km/h за 7,9 секунди и да постигне максимални 210 km/h. Штедливиот пакет на Polo BlueGT е заокружен со BlueMotion технологијата, која вклучува старт-стоп систем, регенерација на силата на кочење и аеродинамични подобрувања.
Со Polo BlueGT, Volkswagen го пополнува јазот меѓу Polo 1.2 TSi со 105 KS и Polo GTi со 180 KS. Со продажба ќе стартува од четвртиот квартал годинава, по цена (во Германија) од 19.650 евра.

поврзани вести:
Volkswagen ќе понуди и улична верзија на Polo R WRC
Volkswagen ќе понуди и улична верзија на Polo R WRC
No comments:
Post a Comment