По долго очекување, Seat ја покажа третата генерација на Leon.
Базиран на новата MQB платформа, која му овозможува полесна конструкција, новиот Leon ќе има „побесен“ дизајн со помеки и позаоблени линии од сегашната генерација, од која нема да ги наследи и скриените кваки на задните врати. Уникатниот и моќен изглед со нагласен персоналитет и добро избалансирани волумени е во согласност со имиџот на марката, а внатрешноста му е модерно изработена, со материјали и квалитет кои го доближуваат до премиум моделите. Иако со должината од 4,26 метри е за пет сантиметри пократок од сегашната генерација, меѓуоскиното растојание му е зголемено за скоро шест сантиметри, а поголем за 40 литри е и багажникот, чија големина сега изнесува 380 литри.
На радост на вљубениците во автомобилите, новиот Leon ќе биде достапен во три каросериски варијанти - хечбек со три и пет крави и караван. Во продажба ќе се најде од крајот на годинава, со избор меѓу спектар преработени TSi и TDi мотори. Бензинските се со зафатнина од 1,2 (86 и 105 KS), 1,4 (122 KS) и 1,8 литри (180 KS), а дизелите од 1,6 (90 и 105 KS) и 2,0 литри (150 и 184 KS). Од спортските едиции, за почеток е најавена само неговата FR верзија, додека на останатите ќе мора да почекаме малку.
Со новиот Leon, Seat го промовираше и преработеното лого, кое со својот почист дизајн ги претставува прецизноста и елеганцијата на новиот дизајнерски јазик на марката.

No comments:
Post a Comment