Малиот автомобил со моќно име влегува на автомобилската сцена на голема врата со нагласено медитерански дизајн и повеќе од 600 различни спецификации во кои може да се нарача. Новата генерација на Fiat Panda иако со должина од само 3.653 mm, ширина од 1.643 и висина од 1.551 милиметар, има место за петмина, на кои на располагање им се петте врати и најголемиот багажник во сегментот од 225 литри, кој со лизгање на задната клупа се зголемува до 260, а со нејзино соборување на солидни 870 литри. Палетата на мотори ја предводи двоцилиндричниот 0,9 литарски TwinAir, кој ќе биде на располагање со 65 и 85 KS, а дизелската понуда е ограничена на 1,3 литарскиот MultiJet II со 75 KS.
поврзани вести:
Fiat привршува со развојот на Panda 4x4
Fiat привршува со развојот на Panda 4x4
No comments:
Post a Comment