Моделот со кој Renault долго време ни ја подгреваше љубопитноста, осамна во својата производствена верзија.
Со својот изглед настанат како плод на дизајн-ренесансата на марката, Clio IV е како излеан од едно парче. Мускулестите облини без остри линии и агресивни агли стимулираат посакуваност, а рачките од задните врати скриени во столбовите ја изразуваат динамичноста на моделот кој продолжува да ја пишува историјата во субкомпактниот сегмент. Иако интересот за четвртата генерација на Clio најмногу е предизвикан од фактот што тој е носител на новиот дизајнерски јазик на марката, кој Renault го промовираше пролетва со рестајлингот на Twingo, тоа не е неговиот единствен аргумент со кој ќе ги освојува купувачите. Во ентериерот кој е обликуван како авионско крило доминира стилски современата инструмент табла со дигитален брзиномер и централна конзола со минималистички изглед, а посебно внимание е посветено на креирањето на новата програма за персонализација која нуди поголеми можности.
Не објавувајќи сé уште доста работи за него, меѓу кои и надворешните димензии, од Renault кажаа дека новиот Clio е подолг, поширок и во просек за 100 kg полесен од претходникот. За почеток, Французите ги објавија деталите само за три мотори со кои ќе се нуди, од кои посебно интересен е новиот 0,9 литарски трицилиндричен Energy TCe бензински турбо мотор со 90 KS и 135 Nm, со кој ќе троши просечни 4,3 литри и ќе емитува 99 g/km CO₂, постигнати со помош на старт-стоп системот. Вториот мотор е 1,5 литарскиот Energy dCi со 90 KS, 220 Nm, потрошувачка од 3,2 l/100 km и емисија на CO₂ од само 83 g/km, а од идната година на располагање ќе биде и 1,2 литарскиот четирицилиндричен TCe турбо мотор со 120 KS и 190 Nm, стандардно спарен со шестстепена роботизирана трансмисија со две спојки. Нема долго да чекаме ниту на неговата расна RS верзија, за која се зборува дека ќе има 1,6 литарски турбо мотор со околу 200 коњски сили.
Лансиран пред 22 години како наследник на екстра популарниот Renault 5, Clio досега е продаден во 11,5 милиони примероци во 115 земји во светот. Ќе се нуди само во верзија со пет врати, почнувајќи веќе од есенва, веднаш после неговата официјална премиера на салонот на автомобилите во Париз.

No comments:
Post a Comment