Почнувајќи од летово, двата автомобилски производитела ќе делуваат како еден.
Според заедничкото соопштение, интегрирањето на двата успешни автопроизводитела ќе заврши до 1 август, до кога Volkswagen ќе ги презеде и преостанатите 50,1% од Porsche. Цената на ова германско обединување ќе изнесува 4,46 милијарди евра.
Втората фаза од заедничката историја на VW и Porsche започна во 2008 година, кога спортската марка не успеа со остварувањето на своите намери за преземање на производителот на народни автомобили. Потрагата по инвеститори кои ќе помогнат во тоа заврши во заедничкиот двор, по што сопствениците на Porsche холдингот станаа побогати за 3,9 милиони евра, кои ги добија од Volkswagen во замена за 49,9% од акциите на Porsche Zwischenholding GmbH, кој пак е целосен сопственик на производителот на спортските возила, чиј официјален назив е Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG. Одлуката да се заврши со интегрирањето на двата производитела доаѓа само десетина дена по годишниот собир на акционерите на Porsche холдингот, на кој беше истакнато д дека ако зделката не се заврши пред август 2014 година, ќе подлежи на дополнително оданочување на во висина од 1,5 милијарди евра.
Да нема забуна, Porsche холдингот и понатаму останува сопственик на 50,73% од акциите на Volkswagen AG.

No comments:
Post a Comment