14 July 2012

Seat Mii

Шпанската верзија на Volkswagen Up! технички е идентична со останатите две негови варијанти. Разликите се само во дизајнот (предниот дел му е малку „понакострешен“, предните светла пошпицести, а задните со поинаква графика), пакетите опрема, името и цената. Исти се и еднолитарските трицилиндрични мотори со 60 и 75 KS, на кои Seat им ја придодаде и Ecomotive варијанта со старт-стоп систем и емисија на CO₂ од 97 g/km.






No comments:

Post a Comment