Во наредниот период, Mini ќе ја прошири својата гама на вкупно 10 модели.
Оваа изјава дојде лично од двајца високи функционери во BMW за време на нивната посета на фабриката во Оксфорд. Тие нагласија уште и дека за остварување на оваа среднорочна цел, покрај лани објавените 500 милиони фунти, BMW планира до 2015 година да вложи дополнителни 250 милиони фунти во фабриките во Оксфорд, Свиндон и Хамс Хол. Со тоа, вкупните инвестиции на BMW во Англија од 2000-тата година ќе достигнат 1,75 милијарди фунти.
Од BMW потврдија и дека бараат надворешни капацитети кои ќе бидат ангажирани за производство на идните нови модели, како што се Paceman и Traveller, како и дека тоа најверојатно ќе биде фабриката на Mitsubishi во Холандија, која е доволно блиску до англиските погони и со чие раководство веќе се разговара.

поврзани вести:
BMW заинтересиран за фабриката на Mitsubishi во Холандија
BMW заинтересиран за фабриката на Mitsubishi во Холандија
No comments:
Post a Comment