Моделот кој ќе настапува како глобален, Nissan ќе го нуди во Јапонија и Европа под името Note, а во Америка како Versa.
Судејќи според штурите информации кои пристигнаа од Јокохама, каде беше претставен, субкомпактниот Note, кој во концептна форма под ознаката Invitation го видовме на женевскиот салон на автомобилите годинава, ќе има малку заеднички работи со својот истоимен претходник, иако е поставен на втората генерација на неговата платформа. Задржувајќи ги моноволуменските форми, тој ќе настапува како возило од компактната класа, заради што и инженерите на Nissan го опишуваат како „модел со пространа кабина над очекувањата за еден автомобил од оваа класа“.
Во Јапонија, каде ќе биде лансиран во септември, Note ќе се нуди со 1,2 литарски трицилиндричен бензински мотор во атмосферска и турбо верзија, и две со старт-стоп систем и спарени со безстепена трансмисија. Прецизни детали за максималната силина не се објавени, но не е тешко да се претпостави дека овие два мотора ќе бидат преземени од Micra, каде се на располагање со 79 и 97 KS.
За Европа, Note ќе се произведува во Англија, а во продажба ќе пристигне на почетокот на 2013 година.

No comments:
Post a Comment