Италијанскиот производител наскоро ќе ја понуди новата Panda и во теренска верзија.
За разлика од другите европски производители кои во помалите класи настапуваат со возила кои личат на теренски, но немаат погон на сите четири тркала, Fiat останува верен на традицијата својот најмал автомобил да го понуди и во 4x4 верзија. Теренската Panda ќе се разликува од обичната верзија по поголемото растојание од подлогата, пластичните заштити на каросеријата и новите предни и задни браници. Механичката основа која веќе подолго време се испитува на разни прототипи ќе биде со истата конструкција како и во претходна генерација, така што Panda 4x4 ќе располага со хидраулична спојка со повеќе дискови сместена пред задниот диференцијал.
Не се знае кога точно Fiat ќе го претстави популарниот мал 4x4 автомобил, дали на салонот во Париз, кој се одржува есенва, или пак напролет во Женева.
Не се знае кога точно Fiat ќе го претстави популарниот мал 4x4 автомобил, дали на салонот во Париз, кој се одржува есенва, или пак напролет во Женева.
No comments:
Post a Comment