Со иднина трасирана од страна на својот сопственик Volkswagen како бутик-производител, Lamborghini во склоп на својот комплекс во Сант’Агата Болоњезе отвори нов „погон“.
Наводниците се тука заради капацитетите и намената, која исклучиво е за производство на концепти, прототипи и возила со екстремно мали серии, како што е, на пример, Sesto Elemento, кој ќе биде направен во 20 примероци, чија испорака ќе започне догодина. Заради тоа, во состав на новиот производствен погон се наоѓа и мини монтажна лента, која е реплика и функционира идентично како и нормалните производствени ленти. На тој начин ќе можат да се студираат и сите чекори од производството на идните модели на компанијата пред тоа навистина да започне и да се подобрат продуктивноста и квалитетот. Отворањето на објектот е дел од планираните активности за одбележувањето на 50-годишнината на компанијата основата 1963 година.
Согласно своите заложби за зачувување на околината, новиот капацитет на Lamborghini е ултраефикасен во потрошувачката на енергијата и е прв од ваков вид во Италија кој располага со енергетски сертификат од А класата, што можат да го обезбедат само индустриски објекти кои имаат годишна потрошувачка на енергија помала од 8 kWh/m³.

No comments:
Post a Comment