И најголемиот модел на луксузната марка на Toyota доживеа освежување.
Годинава Lexus се зафати сериозно за работа - по средноголемиот седан GS и кросоверот RX, новото корпоративно лице го доби и најголемата нивна лимузина. Така, отсега и LS ќе го има свежиот поспортски изглед на предниот дел со маска и светла кои истовремено го задржуваат и луксузниот карактер на моделот. Бидејќи се работи за еволутивно дизајнерско освежување на постоечкиот модел, а не за сосема нова генерација, не се извршени големи корекции во механиката, така што понудата на големиот седан и натаму се состои од две верзии - 460 и 600h, првата со две меѓуоскини растојанија, 4,6 литарски V8 со 387 KS, осумстепен автоматски менувач, погон само на задните или на сите четири тркала и за прв пат дополнителен F-Sport пакет, а втората со поголемото меѓуоскино растојание, безстепена електронски контролирана трансмисија, погон на сите четири тркала и познатата хибридна погонска група составена од 5,0 литарскиот V8 со 394 KS и електромотор од 165 kW, кои заедно му ставаат на располагање 445 KS.
Според Lexus, инженерите во новиот LS имаат направено околу 3.000 измени. За 23 години колку се произведува овој модел, се продадени 730.000 примероци од него.
Според Lexus, инженерите во новиот LS имаат направено околу 3.000 измени. За 23 години колку се произведува овој модел, се продадени 730.000 примероци од него.
No comments:
Post a Comment