Само неколку месеци после покажувањето на заедничкото купе, BMW и Zagato подготвија уште една посластица.
Позитивната реакција на публиката на парадата на елеганцијата во Вила д'Есте можеби придонесе за одлуката да се направи, можеби само го забрза неговото појавување, а можеби шефот на дизајн одделението на BMW Адријан ван Хојдонк и Андреја Загато уште од порано се имаа договорено после купето да го креираат и овој прекрасен родстер, кој со својот сјај ги загреваше душите и полнеше очите на сите што минатиот викенд се најдоа околу голф терените на Пебл Бич во близината на Монтереј, Калифорнија.
Како што и доликува на имињата какви што се BMW и Zagato, нивниот нов заеднички продукт не е добиен само со едноставно отсекување на кровот на италијанското купе, иако двете возила во многу нешта се слични. Од BMW и Zagato велат дека им требале само 6 недели да го направат новиот родстер со платнен покрив и пар заштитни рол-бари сместени зад двете седишта.
Како и за купето, и за родстерот не се објавени никакви технички детали, ниту планови за неговата иднина.

No comments:
Post a Comment