По Buick Encore и Opel Mokka, Chevrolet Trax ќе биде третиот член на новото семејство мали SUV модели на General Motors.
Задржувајќи ги во целост стилските обележја на марката, агресивноста на дизајнот на новиот модел е акцентирана со нагласените рамења и „коцкестиот“ поглед кон задниот дел. Направен сериозно да конкурира во класата која последниве години наново се создава, малиот теренец со должина од 4.248 и меѓуоскино растојание од 2.555 mm идеално се вклопува во урбаните животни текови. Заради тоа и ќе располага со модерен и промислено организиран ентериер, за кој од Chevrolet објавија само неколку детали - дека ќе има багажник со двојно дно и зафатнина од 358 литри, 60:40 делива задна клупа и преклопливо совозачко седиште, со што се создаваат вкупно 8 комбинации на седиштата.
Европската верзија на Trax ќе биде опремена со 1,7 литарски дизел мотор со 130 KS, 1,4 литарски турбо бензински мотор со 140 KS и уште еден послаб 1,6 литарски атмосферски бензински мотор со неспецифицирана силина, сите со старт-стоп систем, со погон само на предните или на сите четири тркала.
За разлика од Encore и Mokka, кои ќе настапуваат локално во регионите за кои се наменети, GM ќе го продава Trax во повеќе од 140 земји ширум светот. Chevrolet Trax ќе дебитира на салонот на автомобилите во Париз, а во продажба, во зависност од регионот, ќе се најде кон крајот на оваа или на почетокот на идната година.

поврзани вести:
И Chevrolet со мал SUV
И Chevrolet со мал SUV
No comments:
Post a Comment