Не покажувајќи ниту една целосна фотографија од моделот, јапонскиот производител објави дека започнал со производството на новата генерација на Mazda6.
Претставувајќи ги на најдобар начин инженерски можности и бескомпромисното внимание на компанијата кон преминувањето на ново ниво во развојот на моделската гама, Mazda6 има големо значење за јапонскиот производител. Причината зошто седанот од средната класа само после пет години од покажувањето на неговата втора генерација стигна за замена е тоа што базиран на концептот Takeri, Mazda6 ќе биде вториот модел на компанијата кој целосно ќе ги има имплементирано Kodo дизајнерскиот јазик и SkyActiv технологијата, а за прв пат и i-Eloop системот за регенерација на силата на кочење. Деталните спецификации за новиот модел сé уште не се објавени.
Првото возило произведено во фабриката во Хофу е караванска верзија со 2,0 литарски SkyActiv-G мотор, наменето за европскиот пазар, каде продажбата ќе започне кон крајот на годинава. Новиот модел премиерно ќе биде покажан на салонот на автомобилите во Москва, кој се одржува од 31 август до 9 септември. Јапонците очекуваат годишно да продаваат по 120.000 примероци од новата генерација на Mazda6.

поврзани вести:
Новата Mazda6 ќе се појави во Париз
Новата Mazda6 ќе се појави во Париз
No comments:
Post a Comment