Со производство на автомобили, Honda започна во 1963 година. Оттогаш, модел по модел и фабрика по фабрика, Honda стана втор најголем производител во Јапонија и шести во светот. Ваквиот успех на Honda не е резултат на склоп на случајности, туку на постојан и плански развој на понудата и издржаните стратегии за соодветен настап на сите пазари. Една од успешните приказни на Honda е и Civic, кој со својата нова генерација, со нов и модерен дизајн, современи мотори и технологии, подобрени материјали во внатрешноста и одличните возни својства, ќе продолжи да ја гради популарноста на моделот кој идната година ќе го прослави своето четиридецениско присуство на пазарот. Како и досега, новиот Civic за Европа се произведува во Англија.
No comments:
Post a Comment