Со почетокот на производството на новиот седан, Škoda ја најавува новата серија модели со иновативна интерпретација на типичните за марката дизајнерски особености.
Со скромна свеченост, вработените во фабриката на Škoda во Млада Болеслава го одбележаа почетокот на производството на Rapid. Производствениот процес во оваа фабрика е модернизиран и оптимизиран со имплементација на вкупно 173 индивидуални зафати. Rapid ќе се произведува заедно со новата генерација на Octavia на првата од двете монтажни ленти во Млада Болеслава, чиј капацитет постепено ќе се зголемува од 800 на 1.200 возила дневно.
Најновиот модел за кој од Škoda велат дека поставува нови стандарди во компактната класа и претставува значаен столб за идната стратегија за развој на компанија ќе ја доживее својата премиера на салонот во Париз, непосредно пред започнувањето на неговата европска продажба во октомври. Идната година Rapid ќе биде лансиран и во Кина, а после тоа и во Русија. Овој модел ќе биде посебно прилагоден за овие пазари и ќе се произведува локално.

поврзани вести:
Škoda Rapid (видео)
Škoda Rapid (видео)
No comments:
Post a Comment