Претставувајќи ја кинеската верзија на концептот MissionL, од Škoda потврдија дека неговото лансирање во Европа ќе биде есенва.
Чешките челници информацијата ја дополнија и со официјалната потврда дека компактниот седан, кој ќе се смести меѓу Fabia и Octavia, ќе се вика Rapid. Модел со вакво име веќе се произведува во Индија, но тој е само ребрендирана верзија на тамошниот Volkswagen Vento, кој всушност е Polo во седан верзија и не треба да се меша со европската и кинеската верзија на Škoda Rapid. Во Кина, Škoda објави и дека согласно стратегијата за развој до 2018 година, во просек на секои шест месеци ќе биде претставуван по еден нов модел.
Škoda за прв пат го покажа MissionL на салонот во Франкфурт лани. На негова основа и Seat ќе ја базира идната генерација на Toledo.
Škoda за прв пат го покажа MissionL на салонот во Франкфурт лани. На негова основа и Seat ќе ја базира идната генерација на Toledo.
No comments:
Post a Comment