27 April 2012

Дебитираше спајдер верзијата на i8

Како што беше најавено, најголем новитет на BMW на салонот во Пекинг беше спајдер верзијата на i8.

Според ветеното, BMW започна да ја проширува својата идна електричната гама, која досега се состоеше од градскиот хечбек i3 и спортското купе i8, на чија основа е направен и отворениот двосед. Новиот член на i-семејството, со помош на централно поставениот 1,5 литарски трицилиндричен турбо мотор со 220 KS, кој преку менувач со двојна спојка ги задвижува задните тркала и електромоторот од 96 kW наменет за предните, забрзува до 100 km/h за 5,0 секунди и постигнува електронски ограничени 250 km/h. Притоа, според податоците на BMW, просечната потрошувачка му изнесува 3,0 l/100 km.
На салонот во Пекинг BMW објави и дека неговите електрични и plug-in хибридни модели од i-семејството ќе бидат доозначени и со ознаката eDrive.

No comments:

Post a Comment