Италијанскиот производител во иднина сé посилно ќе се ослонува на имиџот што го создаде малиот 500.
Претставувањето на малиот моноволуменец 500L, кој за прв пат го видовме во Женева, е само најава за цела серија нови модели, кои, иако механички неповрзани со него, ќе го користат стекнатиот имиџ на малиот 500. Иако засега официјално е најавена само неговата верзија со 7 седишта, Fiat работи и на кросовер модел, кој, како замена за Sedici (што Suzuki за Fiat го произведува во својата фабрика Унгарија), под ознаката 500X би требало да се појави на почетокот на идната година. Базиран на продолжена и проширена платформа на 500L, која пак води потекло од Punto, малиот кросовер би требало да биде долг околу 4,2 метри и ќе биде понуден со погон само на предните или на сите четири тркала, со веќе познатите италијански мотори - двоцилиндричните од 0,9 и четирицилиндричните бензински од 1,4 литри и 1,3 литарските дизели.
Постои голема веројатност Fiat 500X да биде искористен како основа за нов, помал од Patriot и Compass модел на Jeep, засега познат под кодната ознака B-SUV, кој би се продавал како во Европа, така и во САД. Според претходно објавените планови, тој, заедно со Fiat 500X, би се произведувал во фабриката Мирафјори во Торино, започнувајќи од втората половина на 2014 година. Fiat за обновување на оваа фабрика има испланирано една милијарда евра.

No comments:
Post a Comment