Засега само за Американците, новата генерација на Pathfinder ќе стартува со продажба есенва.
Уште кога беше најавен како концепт во Детроит, се дозна дека најголемата измена кај новата генерација на Pathfinder е користењето на самоносечка каросерија наместо досегашната шасија, а сега и дека е поставен на платформата на луксузниот SUV Infiniti JX, кој од лани е во продажба. Со новата концепција, која придонесе за намалување на тежината за повеќе од 200 kg, четвртата генерација на Pathfinder е покомфорна, поекономична и полесна за возење на асфалт, посебно во градски услови.
За американскиот пазар, овој теренец со 7 седишта ќе се произведува во фабриката на Nissan во Тенеси со 3,5 литарски V6 мотор со 260 KS, кој преку Xtronic CVT безстепена трансмисија ќе ги задвижува само предните или сите четири тркала. Nissan засега не објавува кога новиот Pathfinder ќе биде достапен и во другите региони.

No comments:
Post a Comment