Канадскиот производител Conquest Vehicles, специјализиран за производство на ултралуксузни рачно изработени блиндирани возила, го претстави својот прв „обичен" SUV.
Направен на основа на бруталниот Knight XV, новиот модел со ознака Evade изобилува со простор преполн со луксуз. Канаѓаните, опишувајќи го возилото како елегантно, интелигентно и практично, велат дека рачно изработениот ентериер со зафатнина од преку 11 кубни метри организиран во лимузински 2+2 стил поставува нови стандарди за компанијата која со овој модел ги поместува делокругот на своето размислување од инженерскиот кон дизајнерскиот аспект, без притоа да биде компромитиран интегритетот на неговиот блиндиран донатор Knight XV, кој ја користи механиката на најголемиот пик-ап на Ford, F550 Super Duty.
Ние мораме да им веруваме, бидејќи фотографии од внатрешноста не се објавени, а според она што се гледа однадвор, Evade е приказна која зборува сама за себе, но која за да се слушне, ќе треба да се издвојат 579.000 долари. За тие пари, освен мноштвото луксуз, се добиваат и воздушно ослонување, 4x4 погон и бензински или дизел мотор, но и три сончеви крова, далечински контролирани светла на кровот кои можат да се вртат во круг од 360°, камери напред и назад за ноќно возење, проширена задна врата и заден браник со интегриран степеник за полесно излегување на телохранителите…

No comments:
Post a Comment