Со привршувањето на развојот на отворената верзија на Astra, се појави и дилемата дали таа ќе се појави во Париз, или пак ќе чека до Женева.
Проектиран на продолжена верзија на платформата на сегашната генерација на Opel-овиот компакт, новиот модел кој ќе ја замени TwinTop верзијата на Astra ќе има четири седишта, електрично задвижуваниот платнен покрив и најверојатно ново име, бидејќи идејата на челниците на компанијата е тој да биде издвоен и повисоко позициониран од останатата гама. Заради тоа и се очекува да биде првиот модел на Opel во кој ќе биде вграден новиот 1,6 литарски турбо мотор со директно вбризгување со 200 KS, кој веќе е претставен на јавноста. Токму тој факт придонесува и за мислењата дека кабриолет верзијата на Astra ќе биде претставена на есенскиот салон на автомобилите во Париз наместо во Женева, непосредно пред почетокот на неговата продажба.
Според новата организациона структура, Opel и овој модел ќе го произведува во Полска.
Според новата организациона структура, Opel и овој модел ќе го произведува во Полска.
поврзани вести:
И кабриолет верзијата на Astra ќе се произведува во Полска
И кабриолет верзијата на Astra ќе се произведува во Полска
No comments:
Post a Comment