Производството на Amarok во фабриката на Volkswagen во Хановер овозможи тој да се опремува и со посилни и поефикасни дизел мотори.
Така сега и 2,0 литарската BiTurbo TDi верзија со мануелен менувач располага со истите 180 KS како и верзијата со автоматски менувач, а BlueMotion технологијата која вклучува старт-стоп систем, регенерација на енергијата при кочење и пневматици со оптимизиран отпор на тркалање, со која потрошувачката на гориво се намалува и до половина литар, е на располагање со двете дизел верзии, од 122 и 180 KS. Збогатени се и нивоата на опременост, а задната страница на товарниот простор, која сега може да се фиксира, издржува и до 200 kg товар.
Наменети само за пазарите во Европа и Русија, новите верзии на Amarok можат да влечат потешка приколка (3 тона со мануелен, односно 3,2 со автоматски менувач), а доаѓаат и со 12-годишна гаранција против корозија.

поврзани вести:
Volkswagen започна со производство на Amarok во Германија
Volkswagen започна со производство на Amarok во Германија
No comments:
Post a Comment