Land Rover не чекаше многу и после новиот Range Rover, го покажа и освежениот Freelander.
Бидејќи моделот стар шест години досега преживеа еден рестајлинг, не требаа големи зафати за негово освежување - доволни беа само осовременувањето на светлата со LED технологија, новиот финиш на маската и светлата за магла и неколкуте нови содржини и пакети опрема во исто така освежениот ентериер. За задоволството во возењето ќе се погрижат и 7-инчниот монитор чувствителен на допир, Meridian премиум озвучувањето од 380 или 825 W, новиот начин на командување со копчиња на Terrain Response системот и електричната паркинг сопирачка, но најмногу новиот 2,0 литарски Si4 турбо бензински мотор со 240 KS и 340 Nm, кој во гамата доаѓа наместо досегашниот 3,2 литарски шестцилиндричен мотор. Дизел понудата на Freelander останува иста како и досега - 2,2 литарските TD4 и SD4 мотори со 150 и 190 KS, од кои послабиот е на располагање во eD4 варијанта со погон само на предните тркала.
Ревидираниот Freelander својата светска премиера ќе ја има на салонот на автомобилите во Москва, кој започнува на 29 август, а во продажба ќе се најде оваа есен.
Ревидираниот Freelander својата светска премиера ќе ја има на салонот на автомобилите во Москва, кој започнува на 29 август, а во продажба ќе се најде оваа есен.
No comments:
Post a Comment