Електронскиот ретровизор станува реалност - предводникот низ техниката, Audi, ќе го понуди кај R8 e-Tron.
Електричната верзија на спортското купе, која ќе биде покажана во Париз, ќе стане првиот сериски автомобил опремен со електронски ретровизор. За оваа одлука на Audi малку придонесе и фактот дека R8 e-Tron нема задно ветробранско стакло. Системот се состои од камера монтирана на задниот дел и 7,7 инчен AMOLED (Active Matrix Organic Light Emitting Diode) дисплеј развиен во соработка со Samsung. Според Audi, органските материјали употребени во него се самоосветлувачки, така што дигиталниот ретровизор нема потреба од позадинско осветлување и е потенок и енергетски поефикасен отколку конвенционалните LCD дисплеи. Електрониката го контролира и неговото самозатемнување кога се вози пред друго возило навечер, со можност возачот рачно да ја исклучи сликата на дисплејот во секое време. Камерата монтирана во загревано куќиште, со што се обезбедува нејзино исправно работење и на ниски температури, обезбедува поширок агол на гледање отколку стандардниот ретровизор.
Audi веќе го испроба дигиталниот ретровизор на болидите со кои настапи на годинешната трка 24 часа Ле Ман.
Audi веќе го испроба дигиталниот ретровизор на болидите со кои настапи на годинешната трка 24 часа Ле Ман.
No comments:
Post a Comment