Судбината на спортското купе кое беше покажано на салонот во Детроит на почетокот на годинава е пред пресврт.
Иако како концепт LF-LC имаше примарна улога да го долови идниот дизајнерски јазик на марката, обработката на деталите покажа дека Lexus потајно се надева дека спортското 2+2 купе ќе привлече доволно внимание за да се разгледува и неговото евентуално сериско производство. Но, позитивната реакција на публиката како да не беше доволна - Toyota чекаше дилерите на Lexus да почнат да прашуваат за него за да започне да размислува дали да влезе во посериозна битка со премиум конкурентите.
Спортското купе на Lexus, дело на калифорниското дизајн студио, треба да ја пополни празнината направена со престанувањето на производството на SC 430 пред две години и во основа треба да настапува како поевтина варијанта на суперлативниот LFA. При покажувањето на концептот во Детроит, освен дека хибриден погон ги задвижува задните тркала, никакви детали за неговата механика не беа објавени.

No comments:
Post a Comment