Уште на прв поглед станува јасно дека новиот i30 е подготвен да се соочи со строгиот суд на купувачите, во што ќе му помогнат новиот дизајн, напредните технологии, традиционално богатата стандардна опрема во која има и некои елементи кои кај конкуренцијата се опција и, секако, квалитетот. Новиот дух на Hyundai, кој успева да создаде силно премиум чувство е сеприсутен и во внатрешноста на втората генерација на i30, а основната архитектура од првата генерација на i30 е задржана. Добро пополнетата моторна понуда е најдобар доказ дека Hyundai i30 всушност е европски автомобил, создаден за европските купувачи - конструиран е во развојно-техничкиот центар сместен во Риселсхајм, е се произведува во чешкото место Ношовице.
No comments:
Post a Comment