После американската, на ред за обновување стигна и европската верзија на поголемиот SUV на Kia.
Визуелно новиот теренец се разликува по естетски малку потсмирениот преден и порафинираниот заден дел, каде светлосните групи и браниците му даваат помалку агресивен настап од порано. Подобрувањата во внатрешноста се имплементирани со зголемениот простор, новата инструмент табла, изменетиот дизајн на централната конзола и збогатувањето на опремата, додека за механиката од Kia велат дека сега Sorento е поставен на нова платформа, иако тоа можеби и не е целосно исправно кажано, и покрај темелните измените на подвозјето, ослонувањето и системот за управување.
Во Европа, Sorento ќе доаѓа со три мотора, од кои два дизела, од 2,0 литри со 150 и 2,2 литри со 197 коњски сили и еден GDi бензински мотор од 2,4 литри со директно вбризгување на горивото и 192 KS, спарени со шестстепени мануелни или автоматски менувачи. Во некои земји Sorento ќе биде на располагање и со 2,4 литарски четирицилиндрични и 3,5 литарски V6 бензински мотори со 176 и 280 KS.
Глобално, се очекува Sorento да се продава во количини од 265.000 илјади примероци. Од претставувањето на новата генерација во 2009 досега, Kia има продадено дури 620.000 возила, што е повеќе од двојно од продажбата на претходниот модел од 2002 година.

поврзани вести:
Kia го обнови Sorento
Kia го обнови Sorento
No comments:
Post a Comment