28 September 2012

Audi ја претстави кабриолет верзијата на RS5

Германскиот премиум производител за Париз ги подготви најмоќните свои оружја.

Покрај R8 и SQ5, Audi на годинешниот салон на автомобилите во Париз се претстави со уште една своја супер ѕвезда, која во својата ознака ги содржи буквите R и S, но и зборот Cabrio. Како и купе верзијата на RS5, и кабриолетот со четири седишта и платнен покрив кој се отвора за 15, а затвора за 17 секунди при брзини под 50 km/h, ги има истите елегантно-динамични црти и моќниот 4,2 литарски V8 со 450 KS и 430 Nm. Спарен со седумстепен S-Tronic менувач со две спојки, тој на отворената верзија на RS5 и овозможува спринт до 100 km/h за 4,9 секунди и максимална брзина од 280 km/h, која се овозможува дополнително, на барање на купувачот, со репрограмирање на електронската блокада стандардно поставена на 250 km/h.
Во однос на A5 Cabrio, овој модел е понизок за 20 mm и располага со унапредено ослонување со Dynamic Ride Control систем, поголеми сопирачки (кои опционално можат да бидат и керамички) и ESC систем за стабилизација кој може комплетно да се деактивира. Quattro погонот на сите четири тркала под нормални услови ја распределува силината во однос 60:40 во корист на задната оска, а кога е потребно, може да испрати 70% од вртежниот момент напред или 85% назад.
Audi RS5 Cabrio, кој во просек ќе троши 10,9 l/100 km, во продажба ќе се најде напролет по цена од 88.500 евра во Германија, што е за 10.300 евра повеќе од купе верзијата.

No comments:

Post a Comment