Во годината во која го прослави едновековниот јубилеј на марката, меѓу вистинскиот водопад од новитети, кои динамично го пополнуваат производственото портфолио на четвртата најголема марка во светот, Chevrolet го испланира и новиот Malibu. Оваа во САД добро позната лимузина за прв пат е понудена во Европа, за каде и е доделена и европски прилагодена механизација сочинета од 2,0 литарски дизел со 160 и 2,4 литарски бензинец со 169 KS, спарени со мануелни и автоматски менувачи.
No comments:
Post a Comment