Според извештаите на стручниот печат, кои лично ги потврди претседателот на индискиот конгломерат Ратан Тата, Tata Motors сериозно размислува за изградба на фабрика во Саудиска Арабија во која би се произведувале возила на Jaguar Land Rover.
Од овој чекор Jaguar Land Rover ќе има двојна корист - значајниот за нив блискоисточен пазар ќе му биде на дофат на раката, а уште поблизу ќе му се најде и индустрискиот комплекс на саудискиот рударски магнат Ma’aden и американскиот алуминиумски гигант Alcoa, кој тие заеднички го градат на источниот брег на Саудискиот полуостров.
Алуминиумот добива сé поголема улога во конструкцијата на возилата на британскиот производител. Jaguar веќе од порано значително го користеше за своите модели, а сега неговата примена ја интензивира и Land Rover. Користењето на алуминиумот во каросеријата и подвозјето на новиот Range Rover ја направи новата генерација на големиот теренец и до 420 kg полесна, со што се намалени и потрошувачката и емисијата на CO₂.

No comments:
Post a Comment