15 September 2012

Peugeot 4008

За малиот заеднички кросовер на Peugeot со Mitsubishi, Европјаните покажаа забележлив интересен. Иако претходно долго најавуван, кога се појави предизвика изненадување. Неговиот изглед во целост го имплементира новиот дизајнерски правец, со кој сите модели на марката станаа помалку агресивни, а повеќе маркантни и елегантни. Во зависност од пазарот, на располагање е со четири мотори - по два бензински и дизел. Бензинската гама ја сочинуваат 1,6 и 2,0 литарски единици со 116 и 150 KS, спарени со петстепена трансмисија, а дизелската, 1,6 и 1,8 литарските мотори со 112 и 150 KS, за кои е наменет шестстепен мануелен менувач. На располагање се верзии со погон само на предните или на сите четири тркала.




No comments:

Post a Comment