16 September 2012

McLaren MP4-12C Spider

На металниот преклоплив кров на McLaren MP4-12C Spider му требаат само 17 секунди да го претвори британскиот супермодел од купе во кабриолет, а силните струења на воздухот зад главите на патниците се спречуваат со штитникот зад седиштата, кој електронски се подигнува и спушта. И отворената верзија на MP4-12C располага со обновениот 3,8 литарски V8 твинтурбо мотор со 625 KS, со кој сега стандардно се испорачува и купето, а благодарение на неговата ултралесна, но и цврста монокок конструкција на која не и беше потребно дополнително засилување, спајдер верзијата на MP4-12C е само 40 kg потешка од него.



No comments:

Post a Comment