Покрај малиот SUV модел Trax, Chevrolet во Париз ќе ги претстави дизајнерски освежениот Spark, моноволуменскиот Orlando со 1,4 литарски турбо мотор и дизел верзијата на Malibu.
Измените кај малиот Spark се воочливи на предниот дел, каде сега новите светла и редизајнираната дводелна маска му даваат малку посериозен изглед, а единствената измена на задниот дел е интегрирањето на третото стоп светло во спојлерот. Во внатрешноста се среќаваат нови декоративни елементи и ремоделирана централна конзола, а механиката останува иста - 1,0 и 1,2 литарски мотори со 68, односно 82 KS.
Од есенва, купувачите на Orlando ќе имаат уште една современа моторна варијанта на располагање - 1,4 литарскиот турбо бензински мотор со 140 KS и 200 Nm и старт-стоп систем, кој кај овој модел стандардно ќе доаѓа и со двете варијанти со 130 и 163 KS на дволитарскиот дизел. Со овој мотор, но со 160 KS и 350 Nm, европските возачи ќе ги привлекува и големата лимузина Malibu скроена по американски стил.

No comments:
Post a Comment