Идната година ќе пристигне и наследникот на 308, модел со кој Peugeot ќе запре со броењето.
Peugeot 309 ќе остане само историја - и наследникот на сегашниот француски компакт ќе ја задржи истата ознака, но ќе биде поставен на нова платформа и подготвен да одговори на предизвикот да го повтори успехот на стариот 307. Заради тоа, ќе доживее радикална промена на дизајнот и ќе биде опремен и со хибридна технологија со интегрален погон.
Изгледот на наследникот на 308 ќе биде составен дел на новото размислување инаугурирано кај поголемиот 508 и помалиот 208, што значи дека не само што нема да се задржи ништо од претходникот, туку и ќе биде нагласена разликата од него. Комплетната револуција на „мачјиот“ изглед предвидува збогувањето со големата и предимензионирана уста на 308 и помал обем на поклопецот на моторот со централен гребен кој наместо да се издигнува, ќе се спушта на пониско ниво од површината. Страниците на новиот компактен модел ќе бидат обележје на неговиот стил и ќе бидат „истенчени“ со длабоки жлебови кои се затвораат на предната врата, а нема да се штеди и на наизменичноста на конкавните и конвексните форми.
Новиот компактен Peugeot, освен во верзија со пет врати, ќе биде понуден и како хечбек со три врати, караван и купе-кабриолет. Засега нема никакви официјални податоци за неговите механички карактеристики, иако лесно е да се претпостави понудата на бензински и дизел мотори. Не треба сосема да се исклучи новиот 1,2 литарски бензински турбо мотор со три цилиндри, а речиси сигурна е хибридната верзија со интегрален погон опремена со системот HYbrid4, која сé повеќе станува стратешки извор за групацијата PSA Peugeot-Citroën.

No comments:
Post a Comment