Малиот Mitsubishi со моќно име тргна во освојување на светот. Долг само 3,71, широк 1,67 и висок 1,49 метри, петвратниот мини автомобил претставен за прв пат лани на салонот во Токио, со својот 1,0 литарски трицилиндричен мотор со 69 KS може да се пофали дека е најекономичниот нехибриден автомобил во Јапонија, бидејќи MIVEC технологијата, старт-стоп системот, регенерацијата на енергија на кочење и уште два-три други зафати, му овозможуваат да помине 100 километри со само 3,7 литри гориво и да испушти во атмосферата 92 g/km CO₂. Во продажба во Европа ќе стигне во февруари идната година од фабриката на Mitsubishi во Тајланд, можеби под името Colt, моделот кој Mirage го заменува. Со лансирањето на овој свој новитет, Mitsubishi истрела куршум во срцето на својата фабрика во Холандија, каде досега се произведуваше Colt.
поврзани вести:
Mitsubishi Mirage ќе пристигне во Европа пред крајот на годинава
Mitsubishi Mirage ќе пристигне во Европа пред крајот на годинава
No comments:
Post a Comment