За комплетирање на настапот на францускиот производител на домашно тло се погрижи освеженото спортско купе RCZ.
Со изглед освежен со имплементирање на новиот дизајнерски јазик на марката, две години старото спортско купе на Peugeot ќе продолжи да ги освојува купувачите кои не се навикнати вакви модели да доаѓаат од француската кујна. Во тоа ќе му помогне и малку помодерно средениот ентериер, сега и со побогата опрема и повеќе можности за персонализација, додека моторната понуда останува иста - два 1,6 литарски турбо бензински мотори си 156 и 200 KS и еден 2,0 литарски дизел со 163 KS, што значи и дека перформансите ќе му бидат непроменети.
На оние што сакаат повеќе, Peugeot со концептот RCZ R им испрати порака дека нема да чекаат уште долго, бидејќи специјално за нив подготвуваат 260-коњска верзија на купето, која, бидејќи ќе биде најмоќниот модел на францускиот производител направен било кога, ќе има изменето ослонување и самоблокирачки Torsen диференцијал.
Редизајнираниот RCZ во продажба ќе се најде во првиот квартал, а неговата R верзија кон крајот на идната година.

No comments:
Post a Comment