Императивното зголемување на продажбата наметнува нови размислувања кај производителот на спортски возила.
Охрабрени со успехот што своевремено го постигнаа Cayenne и Panamera, Porsche го сврте вниманието на кон нови, од нивна страна пазарно досега непокриени сегменти. Така, после помалиот SUV Macan, сега на ред дојде и разработувањето на идејата за уште еден седан, кој би бил помала верзија на Panamera, со цена која ќе стартува од 60-тина илјади евра. Се размислува овој модел, кој работно се нарекува Pajun, што е кратенка од Panamera Junior, да биде понуден и во купе-караванска shooting brake варијанта. Но, наведувањето на можните каросериски варијанти на идните модели на Porsche внесуваат забуна во информациите, бидејќи ако уште од поодамна се зборува дека Porsche ја подготвува купе верзијата на Panamera, која би можела да се појави под ознака 929, сега се зборува дека концептот со кој ќе се испита пулсот на јавноста за нејзина shooting brake варијанта ќе се појави во Париз. Но, и тоа не е сé - се зборува и за Panamera со продолжено меѓуоскино растојание за богатите кинески бизнисмени.
Бидејќи раководството на германскиот премиум производител сé уште нема донесено одлука за додавање шести модел во гамата, иако постојат многу идеи за тоа каков би бил, новиот седан на Porsche може да го очекуваме дури во 2017 година, ако воопшто се одлучат за него, бидејќи во игра е и за многумина поверојатниот помал и поевтин родстер од Boxster, чија најголема пречка е што германскиот производител мисли дека со него ќе го наруши својот имиџ. Ако пак се одлучат за седанот, тој ќе биде поставен на истата платформа како и наредната генерација на Panamera, која се очекува во 2015 или 2016 година. Развивана под кратенката MSB, оваа нова платформа долга нешто под 5 метри се конструирана по углед на компактната MQB платформа, што значи дека ќе биде модуларна и дека ќе може да биде применета кај модели со мотор поставен напред, централно или назад, со погон на задните или сите четири тркала.

No comments:
Post a Comment