27 September 2012

Hyundai подготви и тривратна верзија на i30

По малку заобиколен пат, преку својата американска служба за информирање, Hyundai нé извести дека на парискиот салон на автомобилите ќе ја претстави тривратната верзија на i30.

Со тоа, моделот кој сé досега важеше за строго семеен, ќе се претстави со уште едно свое лице. Поспортската верзија на i30 се карактеризира со младешки насочени дизајнерски црти кои не ги компромитираат веќе докажаните негови вредности, кои придонеа првата генерација да се продаде во повеќе од 800.000 примероци. Од хечбекот со пет врати се разликува почнувајќи од предните столбови па наназад, преку спуштениот покрив и помеснатите задни крила до на друг начин обликуваниот заден браник. За нијанса се разликува и предниот дел, додека во механиката нема разлики и тривратната верзија на i30 ќе се нуди со истите 1,4 и 1,6 литарски бензински и дизел мотори.

поврзани вести:
Hyundai i30 (видео)

No comments:

Post a Comment