Германскиот производител размислува во идната фабрика во Мексико да ги произведува серијата 3 и новиот модел со погон на предните тркала.
Според неофицијалните информации, BMW веќе имал избрано четири локации и е во преговори со локалните власти. Одлуката се очекува да биде донесена идната година, до кога треба да бидат конкретизирани и плановите за работа. Според прелиминарните информации, фабриката би имала капацитет меѓу 100 и 150 илјади возила годишно и би започнала со работа во 2016 или 2017 година, што навестува дека во неа ќе се произведува и новиот модел со погон на предните тркала базиран на идната серија 1, кој се очекува токму тогаш.
Пред скоро две децении, BMW ја отвори својата фабрика во Јужна Каролина. На почеток во неа се произведуваа 318i и Z3, а сега останаа само теренците X3, X5 и X6, на кои за пар години ќе им се придружи и X4.

поврзани вести:
Audi ќе гради фабрика во Мексико
Audi ќе гради фабрика во Мексико
No comments:
Post a Comment