Како и што се очекуваше, новата генерација на малиот Smart во својата концептна форма ќе осамне во Париз.
Не наведувајќи дали и името ForTwo ќе биде задржано, Smart во своето соопштение за парискиот салон на автомобилите наведува дека со концептот ForStars ја посочува иднината на помодната марка, која блиско ќе биде поврзана со Renault. Без двоумење дека ќе биде атракција на салонот, концептот на идниот модел е инстантно препознатлив како Smart, пред сé заради корелацијата на неговиот дизајн со неколкуте студии покажани на минатите салони на автомобилите. Засега подготвен само во верзијата со две седишта, има димензии кои значително се разликуваат од сегашниот модел - долг е 3,55, широк 1,71 и висок 1,51 метри, меѓуоскиното растојание му изнесува 2,47, а трагите на тркалата 1,48 метри и напред, и назад. За споредба, Smart ForTwo е долг 2,70, широк 1,56, висок 1,57 метри, има меѓуоскино растојание од 1,87 и траги на тркалата од 1,28, односно 1,39 метри напред и назад.
Внатрешноста му е премногу футуристичка за да опстане во оваа форма до сериското производство, иако некои стилски елементи сигурно ќе го преживеат процесот на транзиција, додека погонската група на концептот, е позајмена (и малку засилена) од електричната Brabus верзија на ForTwo. Интересно е фактот што во соопштението на Daimler воопшто не се споменува каде е сместен моторот - напред или назад.

поврзани вести:
Новата генерација на Smart во Франкфурт
Новата генерација на Smart во Франкфурт
No comments:
Post a Comment