Тактички добро изиграно, McLaren ја најави својата премиера на салонот на автомобилите во Париз на начин на кој дигна најголема прашина.
Илустрирајќи ја веста со криптична слика, McLaren ја најави својата париска премиера како ново поглавје во историјата на марката. Истовремено, Британците кажаа и дека ќе го искористат настанот да ги обелоденат своите планови и стратегија за иднината.
Веста сама по себе ќе поминеше тотално незабележливо ако два дена потоа не се одржа парадата на елеганцијата во Виндзор, каде се случи официјалното европско претставување на спајдер верзијата на MP4-12C, така што се појави голем знак прашалник за моделот кој McLaren ќе го покаже во Париз. Дали тоа ќе биде наследникот на ултимативниот F1 развиван под кодната ознака P12, како што сугерираат гласините, тешко е да се каже, бидејќи според сето она што досега го знаевме, на него треба да чекаме уште една година. Дека тоа биде токму концептот на P12 сугерира и дваесетгодишнината од претставувањето на F1, кој се појави во 1992 година.
За разлика од F1, кој за шест години беше произведен во само 106 парчиња, плановите на McLaren за P12 не се така скромни, бидејќи се предвидува негово годишно производство од 200 примероци. Деталите за него сé уште се обвиени со велот на тајноста, но извесно е дека ќе има доста компоненти меѓу кои и истата карбонска структура од MP4-12C, а најверојатно и на 700-800 KS навиена верзија од неговиот 3,8 литарски турбо V8 мотор, иако се споменува и V10 опција, додека V12 моторот е исклучен од комбинација. Во шпекулациите се споменува и KERS систем за регенерација на кинетичката енергија.

No comments:
Post a Comment