Освен веќе очекуваните EcoSport и Kuga, својата европска SUV гама Ford ќе ја прошири и со американскиот Edge.
Зголемениот интерес на Европјаните за теренските возила го предизвика Ford на брзо ширење на својата SUV гамата, така што освен малиот EcoSport и новата генерација на Kuga, ќе биде понуден и американскиот Edge. Според планот за работа, новата Kuga ќе биде претставена оваа, EcoSport ќе се појави наредната година, а терминот на пристигнувањето на Edge засега не е објавен. Овој модел во САД е претставен во 2006 година, така што реално е да се очекува во Европа да биде понуден неговиот наследник, но можно е да пристигне и порано, во сегашната форма, која со редизајн ја доби лани.
Kuga ќе биде европска верзија на моделот кој во САД се продава како Escape и ќе биде опремена со 1,6 литарски турбо мотор и два дволитарски дизела, со 140 и 163 KS, додека глобалниот EcoSport ќе биде понуден во Европа со трицилиндричниот 1,0 литарски EcoBoost мотор. Изненадувањето во ова друштво, големиот Edge, е направен на платформата на претходната генерација на Mazda6 и во САД се нуди со 2,0 литарски четирицилиндричен турбо мотор со 240 KS и со два V6 мотора, од 3,5 и 3,7 литри со 285 и 305 KS.
Според прогнозите, Ford до 2016 година очекува секое десетто негово продадено возило да биде од SUV класата.

No comments:
Post a Comment